Петар Печков
Објавено: вторник, 22 ноември 2011
Претседателот Ѓорге Иванов, со неговото семејство засадија дрва во Градскиот парк во Велес. Така тие ја поддржа утрешната акција ,,Ден на дрвото,, а истовремено ги поддржаа велешани во нивната борба за здрава и еколошки чиста животна средина.
Ова е наш семеен придонес за нашата иднина преку акцијата ,, Ден на дрвото,,. Ги поддржуваме велешани во сите нивни активности спроведени за животната средина. Ако во минатото бил слушнат нивниот глас, немало да дојде до вакви еколошки катастрофи и штетни последици по здравјето на неговите жители. Затоа ги поддржував и ќе ги поддржувам сите граѓански иницијативи, кои се насочени за општо добро и од што ќе имаме корист сите – рече претседателот Иванов.
Во Градскиот парк беа засадени десетина зимзелени садници хамаципарис, дел од нив и од сопругата Маја и синот Иван Иванови.
Како граѓанин, сопруга и мајка ја поддржував оваа акција ,,Засади дрво, засадија својата иднина,,. Преку неа создаваме здраво и младо потомство и следни генерации. Нема ништо повредно од човековото здравје и живот и драго ми е што сме во Велес, каде и младо и старо застана против загадувањето. Не е потребна ниту една мајчина солза за болно дете – рече Маја Иванова сопруга на претседателот Ѓорге Иванов.
Во велешко утре, во рамките на есенската акција ,,Ден на дрвото,, ќе бидат засадени 15 илјади садници багрем, чемпрес и јавор, во околината на езерото Младост, на површина од седум хектари.
Tweet |