Петар Печков
Објавено: среда, 03 декември 2014
Oколината на Езерото Младост денес беше локацијата каде на површина од 5 хектари се засадија околу 20.000 садници чемрес. Акцијата беше во рамките на 14-тата по ред Национален „Ден на дрвото 2014”.
Река од ученици и нивните наставници, вработени во администрацијата, јавните претпријатија, припадници на АРМ, вработени од ЈКП „Дервен" и граѓани на Велес активно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото" за да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.
Акцијата за пошумување освен во текот на денешниот ден ќе продолжи и во наредните. Екипи на шумското стопансто „Бабуна“ се ангажирани во садењето и набљудувањето на веќе насадените дрвја. Од нивна страна,во наредниот период, скоро 320.000 садници ќе бидат насадени на површина од околу 78 хектари во близина на Велес.
Tweet |