речник контакт

Ден на пролетта

На импровизирани зелени дрвја децата од основните училишта и детските градинки цртаа и пишуваа пораки, преку кои ја изразуваа нивната желба за еколошки чиста средина

Петар Печков

 ,,Топилницата не е мој избор,, беше најчестата порака која децата од Велес ја запишаа на дрвото на желбите, а по повод Денот на пролетта 22 март. На импровизирани зелени дрвја децата од основните училишта и детските градинки  цртаа и пишуваа пораки, преку кои ја изразуваа нивната желба за еколошки чиста средина. Некои инвентивно, други со веќе познати пораки, но сите јасно го искажаа нивното мислење, дека сакаат да живеат во здрав животна средина.

Овој настан е одличен повод  да ја активираме нашата еколошка свест, иако таа е присутна преку целата година. На дрвото секој граѓанин може да остави своја порака а наше е како институција, сите желби да ги прочитаме, да ги разбереме и примениме на дело во следните наши активности – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес.

Манифестацијата се одржува од 2005-та година организатори се ЕД Вила Зора и Општина Велес . Истовремено педесетина деца ја извозеа ,,зелената велосипедска трка,, низ градот, во која немаше победник туку  целта беше подигнување на еко – свеста.

Испраќаме од тука јасна порака дека Велес треба да биде град на здрави млади луѓе. Затоа децата од најмлади години треба да го сфатат значењето на здравата и чиста животна средина – рече Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора. За остварување на оваа цел тие побараа од локаната самоуправа да се изгради велосипедска патека од рекреативниот центар Бабуна до езеро Младост.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »