речник контакт

Денес, нови 25 случаи позитивни на ковид-19 во велешко и едно починато лице

Активни се 236 случаи, во велешка Болница се хоспитализирани 30 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, петок  во велешко има 25 лица ново заразени со ковид-19,  а 17  се оздравени. Активни се 236 случаи а досега се заразиле 3.338  лица.

Вчера  има починато едно лице, од Велес на 77 годишна возраст, од  последиците на корона вирусот. Тоа било на лекување во велешка Болница на Инфективно одделение.  Тоа е 109-тата жртва од ковид заразата, во велешко.  Во текот на вчерашниот ден  од велешка Болница, транспортиран е  пациент на Клиника за Инфективни болести во Скопје.
 
Во велешка Болница се хоспитализирани 30 пациенти, од кои 26 се потврдени позитивни, четворица  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се десет  лица.  На Инфективно одделение се сместени 25  а на Интерно петмина  пациенти. Испишани се девет  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »