Петар Печков
Објавено: четврток, 24 декември 2015
Овој ден маглата придонесе за високи концентрации ма ПМ 10 честичките во воздухот во градот.
Според мерното место Велес 2 на Министерството за животна средина загадувањето во одредени периоди, достигнало до 400 мг/м3.
Така градот денес мирисаше на чад. Убавата вест е што метеоролозите најавуваат од утре ветер, кој ќе ја растера маглата а со тоа и загадувањето ќе биде во помали вредности.
Надлежни очекуваат дека вечерва повторно ќе имаме високи вредности и затоа не излегувајте од дома, без причина.
Tweet |