речник контакт

Денес 28 нови случаи на ковид позитивни во велешко и деветмина оздравени

Во велешко има 274 активни случаи, хоспитализирани во велешка Болница се 29 пациенти

Петар Печков


Нови 28 случаи на заразени со ковид-19 во велешко, како и девет оздравени. Ова е билансот со корона вирусот, објавен од страна на Министерството за здравство а податоците се однесуваат за денес, вторник. 

Бројката на починати лица, како последица на ковид заразата е 104.  Во велешко има 274 активни случаи а досега се заразиле 3.129 лица.

Хоспитализирани  во велешка Болница се 29 пациенти, на  Инфективно одделение  25 и на Интерно четворица. Од  лежечките пациенти  24 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни и еден пациент со негативен брис но задржан на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 7 пациенти. Од Болницата се испишани  двајца  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »