речник контакт

Денес во велешко 48 оздравени пациенти а ново заразени 32

Активни има 729 случаи а во Болница хоспитализирани во Болница се 71 пациент

Петар Печков

Во велешко денес оздравени се 48 пациенти позитивни на ковид-19 а  се ново заразени се 32 лица со ковид-19, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. 

Вкупниот број на досега позитивни лица со корона вирус е  1850 а до денес оздравени се 1059 пациенти. Починати се 61 лица. 

Активни  729 случаи на лица со  корона вирус,  68 во Инфективно, шест во приватни клиники во Скопје и  655 на домашно лекување

Во велешката Болница хоспитализирани се вкупно 71 пациенти од нив 60 потврдени позитивни, четири  сомнителни и седум  со негативни тестови, но со здравени проблеми. На кислородна поддршка се 27 пациенти. На Инфективно одделение се 48, на Физикално 16 и на Интерно седум. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »