речник контакт

Денес во велешко има повеќе оздравени -29, отколку заразени -22 со ковид-19

Активни се 672 случаи на лица со корона вирусот. Во велешка болница има 60 лица позитивни на ковид-19 и 10 сомнителни

Петар Печков

Денес во велешко има 22 ново регистрирани случаи на позитивни со ковид-19 а оздравени се 29 лица, соопштија од Министерството за здравство. Ова е за прв пат да има повеќе оздравени отколку заразени пациенти во велешко. Бројот на активни случи  е 672 лица а досега заразени има 1211 лице.  


Вкупно хоспитализирани на Интерното  и одделението за физикална медицина од Велешка Болница се  65 пациенти, oд нив пет се сомнителни а останатите потврдени позитивни.   11  од вкупниот број се сместени на одделението за Физикална медицина.

Тројца пациенти се испишани со еден негативен тест како оздравени. 20 пациенти се на кислородна поддршка. Во текот на вчерашниот ден примена и транспортирана до Жан Митрев клиника жена на 62 години, потврдена позитивна со отежнато дишење и ниска сатурација. На Интерно одделение има двајца сомнителни пациенти за ковид-19.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »