Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 август 2020
Саботата два случаи, вчера недела и денес понеделник, нема нови заразени лица со ковид-19. Во истиот период има исто така двајца оздравени, исто така во саботата. Во Велес има 27 активни случаи. Досега се регистрирани вкупнo 243 лица кои имале корона вирус.
Двата позитивни случаи од саботата се жена, која денес почина, родум од Бузалково а живеле во Горно Јаболчиште, каде била мажена. Вториот случај е млад велешанец, кој се заразил на летување -изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Досега во велешко има, 202 се оздравени и 14 починати. Од активните случаи 23 се на домашно лекување и пет се на Инфективно одделение.
На Инфективното одделение во велешка Болница има 16 пациенти, од нив 4 се непотврдени а 12 позитивно потврдени. Таму освен од велешко, се лекуваат пациенти од Свети Николе и Кавадарци.
Tweet |