речник контакт

Денес нови 32 случаи на позитивни на ковид-19 од велешко

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 24 пациенти, пет повеќе од вчера

Петар Печков


Висок број  е регистриран како нови заразени изминатите 24 часа во велешко. Министерството за здравство соопшти дека има  32 нови случаи на позитивни на ковид-19.

Поради технички проблем во системот „Мој Термин“ во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација, дополнија од Министерството за здравство. Бројот на активни случи се искачи на   191 лице Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 24  пациенти, пет повеќе од вчера. Ново примени  се пет пациенти, од кои еден е префрлен од Интерно,  испишани нема.  

„Има девет  пациенти кои се позитивни, непотврдени се  тројца  и  12  се негативни, но со потреба од лекување. На кислородна поддршка се осум пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 20 а на Интерно одделение четворица пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »