речник контакт

Денес нови 33 случаи на лица позитивни на ковид-19

Во велешка Болница опаѓа бројот на хоспитализирани лица позитивни или сомнителни на ковид-19, згрижени 41 пациенти

Петар Печков

И натаму во Велешко се одржува високата бројка на ново заразени со корoна вирусот. Нови 33 случаи на лица позитивни на ковид-19 и оздравени 19 за изминатите 24 часа, евидентирани се преку Институтот за јавно здравје.

Од таму дополнуваат дека дополнително, при проверка во системот биле пронајдени  61 оздравени постари случаи кои се прикажани со денешните резултати , од месец август наваму, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да информираат болниците, или  странци и лица без матични лекари. Со ова бројот на активни случаи во велешко падна на 292  пациенти.

Во велешка Болница опаѓа бројот на лица, кои се згрижени таму. Денес, сабота вкупно во трите ковид одделенија се хоспитализирани 41,  од кои  27 се потврдени позитивни, двајца сомнителни  и 12 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Испишани се 12 пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На кислородна поддршка се 22 пациенти.
Згрижени во  Инфективно  одделение се  23 пациенти, на Интерно осум и во  Модуларната болница десет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »