Петар Печков
Објавено: среда, 05 јануари 2022
Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 10 случаи на ново заразени со ковид-19 а оздравени се тројца пациенти. Со ова бројот на активни случи порасна на 137 лица. Нема починато лице од велешко.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, денес претпладне е ист како вчера - 23 пациенти. Примен е еден пациент, испишан е исто така еден со еден негативен тест.
„На Инфективното одделение има 13 пациенти кои се позитивни, непотврдени има девет и еден е негативен, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 16 а на Интерно одделение седум пациенти.
Tweet |