Петар Печков
Објавено: недела, 24 јануари 2021
Рекордни 62 пациенти од велешко, позитивни на корона вирусот се оздравени изминатото деноноќие објави Министерството за здравство. Денес недела, во велешко регистрирани се четири нови случаи на заразени со ковид-19. Со ова бројката на активни случаи падна на 257 а досега се имаат заразено 3.010 лица.
Досега во велешко почина 102 пациенти, поради проблеми со ковид заразата.
Изминатото деноноќие починат е еден пациент на 73 годишна возраст, позитивен на ковид-19, од село Горобинци - Свети Николе, завчера донесен на Инфективно одделение.
.
Во велешка Болница се хоспитализирани 25 пациент, од кои 21 се потврдени позитивни,двајца сомнителен и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум пациенти На Инфективно одделение се 24 а на Интерно еден пациент.
Tweet |