Петар Печков
Објавено: вторник, 29 декември 2020
Повторно мала бројка на нови регистрирани случаи на позитивни на ковид-19 во велешко. Центарот за јавно здравје Велес објави дека има пет нови случаи а оздравени се 20. Досега вкупно заболени во велeшко има 2.723 а оздравени 2.076.
Активни се 555 случаи, од нив 24 се во велешка Болница, две се во пpиватна клиника во Скопје, две во Болница Козле и едно лице во торако -васкуларна клиника. На домашно лекување се 525 пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 38 лица, од кои 31 се потврдени позитивни и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се десет пациенти, на Инфективно одделение се 34 а на Интерно четири.
Tweet |