Петар Печков
Објавено: среда, 25 ноември 2020
Во велешко денес има 32 ново заразени лица со ковид-19 или досега вкупно 1.818 лица, на територијата на велешко, заедно со Чашка и Градско. Оздравени се 27 или вкупно 1.011 лица.
Ова се податоци од Центарот за јавно здравје Велес. Активни случаи има 746 од нив 68 во велешка болница, шест во приватни клиники во Скопје и 672 на домашно лекување.
Во велешката Болница хоспитализирани вкупно 74 пациенти од кои 62 потврдени позитивни, шест сомнителни и шест со негативни тестови, но со симптоми и здравствени проблеми , 26 пациенти на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се сместени 49 пациенти, на Физикално 15 и на Интерно 10.
Tweet |