речник контакт

Денес само четири нови случаи на позитивни од ковид-19 и 40 оздравени

Почината е една пациентка, 85 жртва на корона вирусот

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес објави дека денес, недела,  има регистрирано  нови   четири  случаи во велешко или досега  вкупно 2.603 лица се заразиле од корона вирусот.  Оздравени има 40,  вкупно 1.863. Активни се 656 случаи а    на домашно лекување 604 пациенти.

Вкупно  хоспитализирани  во велешката Болница се 46 лица, од кои 28 се потврдени позитивни, двајца се  непотврдени и 16 се негативни но се уште хоспитализирани поради здравствената состојба. Утринава е почината   една пациентка на 75  годишна возраст, од Велес, лекувана на Инфективно одделение четири дена - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

На кислородна поддршка биле  14 пациенти, испишани се пет  пациенти како оздравени, со по еден негативен брис. На Инфективно се сместени   35 пациенти, на  Физикално четири и на  Интерно седум.  Досега од последиците на ковид заразата во велешко починаа 85 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »