речник контакт

Денес три нови случаи со ковид-19 во Велес, исто толку оздравени

Бројот на активни случаи во велешко е 33 лица на Инфективно има 23 лица, освен од Велес и од Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Валандово

Петар Печков

Денес во Велес има три нови случаи на лица позитивни со ковид-19 исто толку и оздравеле. Со ова бројот на активни случаи во велешко е   33 лица.

Двата од новите случаи се сопружници и  еден маж, кој не знае од каде се заразил. Има и тројца оздравени, сите од домашно лекување, двајца сопружници и една жена. Викендот имаше четири случаи, тројца од нив работат во Скопје, четвртиот е од член на семејство. Тогаш имаше и седуммина оздравени - информираа од Центарот за јавно здравје.

Досега во велешко имало  342 случаи со корона вирус, 293   оздравеле а 16 починати.

На Инфективно одделение се хоспитализирани 23 пациенти, 20 потврдено позитивни и тројца се сомнителни, четири лица се на кислородна поддршка.  Во саботата  жена на 65 годишна возраст од Велес, позитивна на вовид-19 е префрлена на Инфективна клиника поради влошена состојба а вечерта и уште една жена на иста возраст 65 години, од Свети Николе  со клиничка слика типична за ковид-19, со пад на сатурација, но со негативен тест е префрлена на Инфективна клиника во Скопје - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  

На Инфективно одделение од велешакта Болница има 7 пациенти од Велес, 10 од Свети Николе, 3 од Неготино, двајца од Кавадарци и еден од Валандово  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »