речник контакт

Денес четврток, дури 74 оздравени од ковид-19 во велешко

Има починато еден пациент на 73 годишна возраст,позитивен на корона вирусот

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, четврток има 74 пациенти  од велешко кои  се водат како оздравени од ковид-19. Ново заразени се 20, со што бројката на активни случи се симна на  223 лица а досега биле заразени 3.521 лице.   

Починат е и еден пациент од Велес, позитивен на ковид-19, на  73 годишна возраст, соопшти Министерството за здравство. Тоа е 112 жртва на корона вирусот во велешко.

Во велешка Болница се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 22 се потврдени позитивни, четворица сомнителни  и шестмина  пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се десет пациенти. Испишан e еден  пациент како оздравен со  еден негативен тест

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »