Петар Печков
Објавено: вторник, 25 јануари 2022
Во текот на изминатите 24 часа е регистриран е највисокиот број на нови случи на лица позитивни на ковид-19 од велешко. Бројката е 92 лица кои се евидентирани за 25 јануари, оздравени се 40 пациенти. Или бројот на активни случаи ја премина границата од 400, или точно 409.
ТрМр анализирајќи ги податоците за изминатиот период, најмногу досега ново заразени случаи имаше на 30-ти октомври 2020 -83, 82 на 1-ви април 2021-ва година, 79 беа на 3-ти ноември 2020, 76 на 26-ти март 2021, 68 на 31-ви март 2021. 67 на 20-ти ноември, 64 на 11-ти ноември и 63 на 7-ми ноември, сите во истата 2020-та година.
Првите случаи на корона вирусот во Велес беа регистрирани на 13-ти март 2020-та, три во еден ден.
На Инфективно одделение регистрирани се два смртни случаи, на лица од Велес и велешко.
„Почината е жена на 84 годишна возраст и маж на 75 години од село Грнчиште. На кислородна поддршка се 28 пациенти“ - кажа д-р елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница. Со ова бројот на починати во велешко од последиците на ковид-19 достигна до 292 лица.
Вкупно хоспитализирани во двете одделенија се 66 пациенти, на Инфективно 55 и на Интерно 11. Потврдено позитивни се 49, непотврдени седум и 11 се негативни, но со потреба од болничка нега. Ново примени се 11 пациенти, од нив пет се префрлени како позитивни од Интерно а испишани се шест со по еден негативен тест.
Згрижени освен од Велес и велешко, има и од Свети Николе и околината. Со оваа бројка од 55 пополнет е капацитетот со пациетни, на Инфективното одделение.
Tweet |