Петар Печков
Објавено: вторник, 04 јули 2017
Велешанецот Денис Наќевски доби автомобил, главна награда од ,,Скопско за нас,,. Од вчера по велешките улици се вози нов автомобил и тоа ,,фолксваген поло,,.
Откако Денис испратил повеќе од 200 кодови, среќата сакала кодот кој го испратил вечерта на 10-ти мај, кога славел годишнина на брак, осум години со сопругата Јана, да му донесе среќа. И тоа пивото кое го порачал ,,Во Мената на Даце,,. Затоа и одлучи пријателите токму тука и да ги почести.
Многу сум среќен. Ова лето ќе летуваме со семејството на море, со нова кола. Полото дојде како подарок за годишнината од брак, бидејќи добитниот код е испратен токму на одбележувањето на годишната од бракот со сопругата Јана. Иако имав повеќе од 200 пораки, кога ми јавија дека сум добил награда, не верував, мислев дека некој од другарите се зафркава. Тие знаеја колку редовно испраќам кодови, колку ја сакам главната награда. Никогаш не се знае кога среќата ќе затропа на вратата – рече Денис.
На новиот автомобил, белиот ,,поло,, најмногу се радуваат децата Михаела и Стефан. Досегашниот ,,Опел корса,, кој ќе го зачува. Наќевски е вработен е како градежник во ,,Реал градба,,.
Tweet |