Петар Печков
Објавено: четврток, 09 април 2026
Во Велес се извршува прва дератизација и прво ларвицидно теренско – третирање од земја, против ларви од комарци. Тоа се општи мерки за заштита на населението од заразни болести. Нив ги извршува операторот Лиса – ком МС ДООЕЛ Кавадарци, која работата ја добила по спроведен постапка.
„Од 7 април под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, започна спроведувањето на пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес. Следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата „Агриа”. Теренското третирање од земја, против ларви од комарци опфаќа територија од 7 хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување“ – информираа од Општина Велес.
фото Општина Велес
Прскањето против ларви од комарци по земја се врши на подрачјето на крајбрежјето на Езерото „Младост“, езеро „Јарбош“, Градски и Младински парк, Градскиот стадион, по течението на реката Вардар низ Велес, реонот на Дервенски Поток и градските фонтани.
Од локалната власт посочуваат дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите, има одобрение од Министерство за здравство за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет.
Третманот со кој се врши дератизација е со биолошки препарат BIOPREN, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени, се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.
На есен ќе има втора дератизација и второ ларвицидно теренско – третирање од земја. Од крајот на мај во три наврати ќе се врши и авионско третирање од воздух против комарци.
| Tweet |









