Петар Печков
Објавено: четврток, 09 мај 2013
Во Младинскиот парк на повеќе штандови одделно, општина Велес и фондацијата Фокус го одбележаа Денот на Европа 9-ти мај. Со песна и едукација се обида да им ја приближат Европската унија на велешани, барем за кратко и тие да бидат дел од неа.
Никогаш досега Македонија не била поблиску до својата цел - членство во големата заедница на народите и без оглед на тоа што формално се уште не сме членка на унијата. Вратата кон Европа за нас е широко отворена преку визната либерализација, користењето на европските фондови и подадената рака за помош и пријателство – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Бидете горди дека сте европејци и не заборавајте една работа, не треба да се откажете од сопствениот идентитет за да се „европеизирате“,затоа што ЕУ е слободно здружување на народите, придонесот на вашата земја е исто толку важен колку и на Германците,Британците,Французите или Романците, рече на свеченоста првиот секретар на Романската Амбасада во Македонија Октавие Сербан кој беше гостин на манифестацијата.
Има се повеќе емисии, дебати на тема ЕУ но сметам дека оној дел што значи функционирање на ЕУ, начинот на донесувањето на одлуките, што тоа за Македонија значи и кои се условите сепак се уште не им е доволно доближено на велешани па затоа слушаме различни варијанти на оваа тема. Поставивме н три штандови: информативен, едукативен и интерактивен со цел велешани подобро да се запознаат со ЕУ. Беа достапни брошурите, материјалите, линковите за ЕУ, знаменитостите на сите земји- членки - изјави Весна Шкортова директор на Фондацијата Фокус која е коорганизатор со комисијата на европската делегација во Скопје и ЕУ-инфо-центарот во Скопје.
Tweet |