Петар Печков
Објавено: вторник, 12 мај 2020
Без доделување признанија и славење, но посилно од било кога, медицинските сестри и техничари го одбележуваат 12 мај, Денот на сестринството, додека акушерките 5-ти мај Светскиот ден на акушерките. Во време кога овој здравствен персонал е на сериозно искушение, покажувајќи ја својата хуманост, максимално вложувајќи се во услови на пандемија, каква што човештвото не помни од пред еден век, медицинските сестри и техничари се на првата линија на борбата со овој невидлив непријател. 2020-та година Светската здравствена организација ја прогласи за година на сестринството а Неделата на сестринството е од 5-ти до 12-ти мај.
Годинава оваа недела ја одбележуваме во посебни услови, на светска пандемија. Сите ние, медицинските сестри, техничарите, акушерки сме активно и целосно посветени во борбата со корона вирусот, за заштита на здравјето на населението. Несебично вложуваме голем труд и напор, заборавајќи на семејството и запоставувајќи ги своите блиски, грижејќи се за здравјето на болните и јавното здравје. Работејќи во карантин, под целосна заштитна опрема, постојано вклучени во грижата за пациентите позитивни на ковид-19. Пети мај е пак денот на акушерките, кои имаат огромна улога во општеството. Тие се првите кои го гледаат новороденчето а потоа дури мајката - порача Ружица Нацева претседател на Општинско здружение на медицински сестра, техничари и акушерки од Велес, медицинска сестра инструментарка во хируршко одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес.
Таа на овој ден ги поздрави колегите рендген техничарите, лаборантите, колешките од физикална медицина и рехабилитација, бидејќи тие сите „активно учествуваат во борбата против корона вирусот“.
Многу битен дел од алката на здравството се и медицинските сестри од примарната заштита. Благодарност за пожртвуваноста до колешките од Здравен дом, од Итната помош од училишна и предучилишна превентива. И тие работа во тешки услови со целосна опрема - дополни Нацева.
Овој ден 12-ти мај е ден кога е родена Флоренс Најтингел, која се смета за сестра основоположник на сестринството во светот.
Директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес д-р Божидар Бојаџиев со честитка до медицинските сестри и техничари, и акушерки.
„Посветеноста со која работите во овие тешки времиња на светска пандемија , е пример за пожртвуваност, хуманост. Медицинските сестри даваат непроценлива жртва во името на здравјето на пациентите. И затоа едно големо благодарам“
Денот им го честиташе директорот на ЈЗУ Здравствен дом Велес Николче Димовски
„Да се заблагодарам за целата досегашна саможртва, посветеност и хуманост. Од нив може многу да се научи - тие треба да служат за пример на сите идни генерации медицински сестри, но и да бидат достојни наследници на нивните претходници“.
Tweet |