речник контакт

Депресијата болест на современиот човек

7-ми април, Светски ден на здравството – Според податоците од националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“, во 2016 година, 55.000 пациенти во Македонија се упатени на повисоко ниво на здравствена заштита или се упатени да подигнат лек на рецепт со дијагноза - депресија. Тоа е околу 2,75 отсто од вкупното население

Петар Печков

Депресијата не е слабост на карактерот, депресијата е болест што ја карактеризира чувство на постојана тага и губење интерес за работи што ги сакаме да ги правиме, придружени со неспособност за извршување на секојдневните активности во период од најмалку две седмици.  

Пациентите страдаат од намелена енергија, промена во апетитот, спијат повеќе или помалку од вообичаено, нерешителност, немир, чувство на безвредност, вина, безнадежност, размислуваат да си наштетат себе си или д се самоубијат. На секои 40 секунди во светот некој некаде починува  од самоубиство. 

Промените во живото што доаѓаат  со стареењето можат да доведат до депресија, кај постарите се поврзува и со хронично болести, тешки животни настани, како и намелена способност за правење на работи кои можеле да ги сторат во помлада возраст. 

Периодот на  растење кај детето е исполнет со предизвици како што се тргнување на школо, промена на училиште, запознавање на другарчиња, минување низ пубертет и подготвување за испит. Кај некои деца приспособувањето оди потешко, предизвикува стрес па други и депресија, се манифестира со тешкотии во концентрирање на настава, промена во апетитот, спиењето.

Кај помалите деца не им е до игра, додека поголемите може д се впуштат во ризици. 

Адолесцентнана и рана младост нудат многу нови можности и предизвици, запознавање со други луѓе, посета на нови дестинации и наоѓање на правец во животот, меѓутоа овие години знаат да бидат  период исполнет  со стрес. 

Од депресија страда една од шест жени која се проодила. Самиот чин на породување е голем настан што предизвикува загриженост, замор и тежина. Постојано плачење без причина, недоволно емотивно поврзување со бебето, сомнеж дали родилката може да се грижи за себе и бебето. Доколку не  се лекува таа може да трае со месеци и години. 

Какво  лекување ќе се примени и неговото времетраење зависи од тежината на депресијата. Поддршката од пријателите, семејството и колегите на работа, го олеснува опоравувањето а стресот ја влошува. Најбитно е трпението, потребни се две седмици знае пациентот д а се чувствува подобро. Најбитно е пациентот да знае дека не е сам.

Автор на текстот е д-р Весна   Маркова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »