речник контакт

Дербито во Чашка со ФК Башкими, за ФК Борец

Победа и за ФК Превалец во Третата лига Југ

Петар Печков

Се одиграа натпреварите од 20-тото коло на Третата фудбалска лига Југ. Локалното дерби кое се одигра во Чашка, помеѓу ФК Башкими и ФК Борец заврши со минимална победа од 0:1 на лидерот. Така победничката серија од 5 натпревари со 5 победи за домаќинот заврши.  ФК Превалец со високи 5:0 славеше над последниот ФК Влазними јуниор од крушевски Пресил. Екипата на ФК Тополка ова коло беше слободна.

ФК Борец останува на првото место со 52 бода а ФК Превалец е втор со 46 и натпревар помалку.  ФК Башкими од Горно Јаболчиште останува 6-ти, а ФК Тополка е 11 од 12 екипи со 14 бода. ФК Дреново и ФК Слога од прилепско Лажани се откажаа од натпреварите.

Следното коло ce игра понеделник 13 април. Во 21 колонНово локално дерби ФК Тополка игра со ФК Превалец,  ФК Башкими гостува во неготински Долни Дисан кај ФК Венец кој  е третопласиран со 40 бода. ФК Борец  ова коло е слободен.

Овој празничен викенд паузираат екипите од Општинската фудбалска лига Велес.

фото ФК Превалец

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »