речник контакт

Дервен демантира, дуќаните имале влез ама од задна страна

Сопствениците сакале да извлечат материјална добивка од отварањето на маркетот

Петар Печков

Во 1979 година кога ЈКП Дервен го купиле пазарот во Нова населба од ГП Младост, не постоеле ниту просториите што сега се преградуваат ниту висококатницата во чиј склоп тие се наоѓаат, за што доказ претставува Проектот бр. 10672 изработен од страна на Проектантското биро во Јули 1978 година, каде на страната што сега се преградува е вцртан ѕид.

Ова потврдува  дека пазарот уште од самиот почеток бил затворен објект, независен од овие простории.
ЈКП Дервен не може да излезе во пресрет на барањето на сопствениците на просториите што се наоѓаат во склоп на зградата затоа што не можеме да дозволиме во наш, затворен објект некој да има слободен влез. Не е точно дека сопствениците на просториите во склоп на зградата немаат влезови и излози. Тие се наоѓаат од надворешната страна на објектот.

Изненадени сме од вчерашната реакција на тројцата сопственици на просториите што се граничат со градскиот пазар во Нова населба. Наместо благодарност што досега ЈКП Дервен им дозволувал на овие граѓани да имаат директен влез во пазарот, а за што немавме никаква обврска, ние денеска слушаме закани за тужба на суд.

Тие се сосема неосновани и ги проценуваме само како неуспешен обид  за извлекување некаква материјална добивка од отварањето на маркетот во објектот на ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »