Петар Печков
Објавено: четврток, 03 март 2016
Оваа недела вработените од РЕ Паркови и зеленило при ЈКП Дервен засадија 380 садници на повеќе локации во Велес.
Во Градскиот парк по должина на пешачката патека покрај реката Вардар засадени се 200 садници од бор, 80 брези и 40 врби.
На улица Индустриска, близу Брако засадени се 30 брези а на улица Благој Ѓорев во населба Тунел исто така 30 брези.
4 садници од врби се засадени на улица Костурска.
Од надлежните бараат граѓаните да не ги оштетуваат овие ново засадени дрвја, да ги чуваат и негуваат.
Tweet |