Петар Печков
Објавено: четврток, 12 ноември 2015
Идр Бајрамов ( 35 год), Сефа Демиров (35 год) и Ѓунај Зејнелов ( 30 год) добија затворски казни, додека Димче Христовски (91 год) доби условна казна затвор. Првите тројца беа обвинети за тешка кражба а Бајрамов доби четири години, додека Демиров и Зејнелов по три години затвор.
Христоски беше обвинет за прикривање и доби условна казна, две години затвор ако во следните пет стори било какво кривично дело. Бајрамов и Зејнелов се во бегство, живееле во Германија, додека Демиров се наоѓана отслужување казна затвор.
Според обвинението , во периодот од 1-ви до 7-ми февруари 2011-та година, во два наврати одзеле од предворјето на Спомен Костурницата, 14 месингани спомен плочи, каде биле впишани имињата на загинатите партизани од НОБ. 13-те биле висечки а една била поставена на постолје, која обвинетите ја искршиле на ситни парчиња.
За одземањето на плочите, употребиле тесла и копач. Неколку дена подоцна Димче Христовски, купил дел од украдените плочи -девет за девет илјади денари, пари кои тројцата крадци ги поделиле. Предметите кои биле украдени се ,,посебни добра под привремена заштита,,.
Неколку дена подоцна полицијата ги пронашла украдените предмети кај Идр Бајрамов и кај Димче Христовски, скриени во дупка во платнени вреќи. Бајрамов, кога како организатор ја смислил и реализирал кражбата, бил во бегство од затворот Идризово.
Tweet |