Петар Печков
Објавено: среда, 09 март 2022
Орхан Рустемов (42 год) доби 10 години затвор, откако го нападна неговиот братучед и му нанесе повреди кои предизвикаа смрт. Рустемов во Oсновен суд Велес го признал делото па судијата Шефшет Адеми го прогласи за виновен и му изрече казна завор од 10 години, за делото „Предизвикување тешка телесна повреда со смртни последици“.
Настанот се случи на 31-ви јули минатата година, во 23ч. часови, во тепачка меѓу двајца братучеди со рачка од секира го удрил неколку пати во глава Д.Р.(47 год).
Според обвинението Рустемов отишол во дворот од куќата на Д.Р. и помеѓу нив настанала вербална расправија, во која сведок била мајката на Д.Р. околу нерасчистени должничко- доверителски односи, поради невратен долг од 3.500 денари.
Обвинетиот го повикал оштетениот да дојде до неговиот автомобил паркиран на блиската улица. Од автомобилот извадил дрвена рачка за секира и со неа неколку пати го удрил Д.Р. во пределот на главата. Од задобиените удари тој паднал на земја. Му била нанесена тешка телесна повреда изразена во нагмечување на главата, крварење и крвен подлив под тврдата мозочна ципа и мозочна кома. По која за некое време настапила смрт. Пресудата е правосилна.
Tweet |