Петар Печков
Објавено: среда, 02 мај 2018
Прилепчанецот Златко Димов (28 год) доби десет години затвор за разбојништво. Тој со две други лица ја ограбил Бензинската пумпа на ,,Макпетрол,, близу Дреново. Во Основен суд Велес беше прогласен за виновен а на Димов му се судеше во отсуство.
Разбојништвото се случи на 25 ноември 2013-та година, во 19,45ч. кога три лица ја ограбиле бензинската пумпа на Макпетрол кај селото Дреново, на регионалниот пат Градско - Прилеп. Со закана од сатар по животот на вработениот одзеле 49 илјади денари, 16 кутии цигари Вест, како и нескафе. По грабежот избегале со автомобил марка ,,Цитроен берлинго,, кој бил украден и подоцна е најден запален. Парите биле поделени.
При судењето беа разгледани и снимките од сигурносните камери од објектот.Сите троијца биле маскирани со фантомки, кога го извршиле делото.
Претходно беа осудени и двете други лица Вангел Костадиноски (27 год) од Прилеп и битолчанецот Димче Пеовски ( 27 год) кои добија по пет години затвор за разбојништво, откако го признаа делото.
Токму Пејовски се појави како сведок за ова дело и тој беше донесен од затвор. До детали објасни што се случувало критчната вечер и го посочи Димов како соучесник и сторител.
Како тоа Златко е недостапен на полицијата, кога ете го во Прилеп се шета низ град - рече Пејовски.
Судењето за обвинети за разбојништво, се одвиваше три години, отакако во февруари 2014-та полицијата ги откри сторителите. Вангел Костадиновски, Димче Пеовски и Златко Димов не можеа да се обезбедат,оти се некој недостигаше на првите судења. Тие не беа достапни, ги немало на нивното место на живеење, кое им било одредено како мерка на претпазливост.
Потоа им се судеше одвоено на тројцата обвинети, двајцата Костадиновски и Пеовски го признаа и добија по пет години затвор. Пејовски и Костадиновски добија и ја одлежаа затворска казна затоа што го украле возилото и подоцна откако избегале го запалиле.
Tweet |