речник контакт

Десет дена се бара како исчезнат, а тој лежел во Болница

Драма со среќен крај во велешкото семејство Балови

Петар Печков

Десетина  дена се одвивала драма во велешкото семејство Балови, откако тие биле во потрага по нивниот татко Петре Балов. Тој исчезнал на први февруари, кога излегол од дома и не се вратил. Неговите блиски се обратиле на полиција, го барале во велешката Болница, но  од седумдесет и осум годишниот Балов ни трага ни глас.

Потоа семејството се обидело и преку локалните медиуми да  го побара Петре, со надеж дека некој го видел, ќе го препознае и ќе ги информира каде е старецот. Бидејќи бил рибар биле пребарани и беговите на реката Вардар, поблиската околина на градот, но  од Балов никаква трага ниту   глас. За по десетина дена тој да се појави дома на вратата, на голема радост но и изненадување на блиските.  А уште поголемо кога дознале дека тој десетина дена лежел на Скопските клиники, каде  бил задржан на лекување. Семејството Балови се среќни што нивниот Петре Балов се врати здрав и жив.

Бев во болница во Скопје. Моја грешка е што и на најблиските не им кажав дека ќе одам на преглед. Лекарите  ме задржаа на понатамошно лекување. Ме пуштија и еве сега сум пак тука, дома  - вели Петре Балов. 

Објаснува дека со здравјето е добар  и дека  нема да се повтори да замине некаде, а да не им каже на домашните, но како страстен риболовец и   понатаму ќе оди да лови риба на Вардар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »