речник контакт

Десет лица оздравени од ковид-19, изминатиот продолжен празничен викенд

Сите тие претходно биле позитивни и во домашна изолација. Меѓу нив се и двете здравствени работнички, докторката од Итната помош и медицинската сестра од Инфективното одделение

Петар Печков

Продолжениот празничен викенд десет лица кои беа позитивни на ковид-19 од Велес оздравена., информираше Центарот за јавно здравје Велес.   

Сите тие изминатиот период биле во домашна изолација и откако двата последователни теста, на земените брисеви, покажале дека се негативни, се водат како излекувани.

Меѓу нив се и двете здравствени работници, докторката од Итната помош  и медицинската сестра од Инфективното одделение на Општата Болница. Тие наскоро се враќаат на работните места.

Во истиот период нема оздравени пациенти кои се воделе како лежечки во Инфективното одделение, при велешката Болница. Таму денес според информацијата на портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова, има 20 лица, од нив 15 се позитивни а за пет се чекаат резултати и се сместени поради симптомите кои ги имаат.

Продолжениот празничен викенд имаше шест лица позитивни на ковид -19, кои беа регистрирани на Први мај. Денес , понеделник, нема нов  позитивен случај.  Во градот има 45 активни случаи.  

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »