Петар Печков
Објавено: петок, 22 февруари 2019
Четвртокот вечерта, кај демикраписка клисура откриен е скопјанец кој превезувал мигранти. СВР Велес излезе со информација за настанот.
На ден 21.02.2019 година во 21.30 часот на автопатот А-1 на делницата Гевгелија- Куманово, кај мост Клисура, запрен е патнички автомобил марка „Мерцедес“ со скопски регистарски броеви управувано од С.О.(47) од Скопје. При изврешната контрола до возило се пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан и Пакистан, штотуку излезени од истото - пишува во писменото соопштение.
Возачот и патниците биле приведени во Полициска станица Неготино каде биле задржани до расчистување на случајот.
Tweet |