речник контакт

Десет нови случаи на ковид-19 во Велес, оздравени тројца

Бројот на активни случаи во велешко се искачи на 113 пациенти. Меѓу новите случаи и една медицинска сестра од Интерно одделение од велешка Болница.На Инфективно оддeление 32 пациенти

Петар Печков


Во текот на изминатите 24 часа во велешко има десет нови регистрирани случаи на лица позитивни на ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје.

Меѓу нив е и една медицинска сестра од Интерно одделение. Има и тројца оздравени.  

Со ова вкупниот број на досега заразени лица во велешко е 456, од нив 86 се на домашно лекување, 19 на Инфективно одделение во Велес, две на Инфективна клиника во Скопје, тројца во приватни клиники, две на ГАК и едно на ОРЛ во Скопје.

На Инфективното одделение хоспитализирани се  32 пациенти, 30 потврдено позитивни двајца сомнителни, 15 пациенти се на кислородна поддршка. Тројца пациенти се испишани како оздравени по два негативни теста.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »