речник контакт

Десет нови случаи со ковид-19 во велешко и 30 оздравени

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 59 пациенти, петмина повеќе од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 10  нови случаи на лица позитивни на ковид-19  а оздравени се 30. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 363  случаи на пациенти со ковид-19.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 59 пациенти, петмина  повеќе  од вчера. Ново примени  се тројца  пациенти, испишани како оздравени нема.

„Од згрижените пациенти,  41  е позитивен, непотврдени се  деветмина,   негативни се  осуммина. На кислородна поддршка се 29  пациенти “ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделение згрижени се 52 а капацитетот е 54 кревети а на Интерно одделение се седуммина   пациенти. Дел од хоспитализараните се од Свети Николе и соседните села.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »