речник контакт

Десет оздравени, двајца ново заразени и еден починат пациент од последици на ковид-19 во велешко

Активни се 262 случаи, во велешка Болница хоспитализирани се 33 пациенти

Петар Печков

Денес, недела , Министерството за здравство објави дека во велешко има повеќе оздравени лица - 10 и отколку    ново заразени со ковид-19, двајца.   Активни се 262 случаи  а досега се заразиле 3.454 лица.

Од велешката Болница информираа дека утрово е почината пациентка на 73 годишна возраст, жителка на Градско,  позитивна, лекувана на Инфективно одделение три  дена. Таа 112-та жртва на корона вирусот во велешко.


Во велешка Болница се хоспитализирани 33 пациенти, од нив на Инфективно одделение се 26  и седуммина   на Интерно.  Од лежечките пациенти  23се потврдени позитивни, еден   пациент е сомнителен  и девет    пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се осум  пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »