Петар Печков
Објавено: недела, 31 октомври 2021
Здравствениот билтен за изминатите 24 часа во велешко е десет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 и исто толку оздравени. Бројот на активни случаи со корона вирусот остана 348, со што остана на третото место во земјава, после Скопје Куманово.
Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти падна на 41, од нив 22 се на Инфективно одделение, 15 во Модуларната болница, додека на Интерно се четворица пациенти. Почината е една пациентката од Модуларната болница, позитивна на ковид-19, на 82 годишна возраст, жителка на село Мустафино, општина Свети Николе.
„Примени се петмина нови пациенти, тројца е на Инфективно и двајца во Модуларната Болница. Испишан е еден пациент како оздравени со еден негативен тест“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 30 се потврдено позитивни, деветмина се негативни, но со потреба од продолжено лекување а двајца пациенти се непотврдени. На кислородна поддршка се 20 пациенти.
Tweet |