речник контакт

Десет оздравени и тројца ново заразени, еден починат велешанец од ковид заразата

Во велешко активни се 251 случај а во велешка Болница се 24 пациенти

Петар Печков

Десет оздравени и тројца ново заразени е билтенот од ковид состојбата во велешко за денес, недела, која ја објави Министерството за здравство.  Во велешко активни се 251 случај а досега заразени биле  3.100 лица. 

Министерството за здравство објави дека денес има починато еден велешанец на 74 годишна возраст.  Тој е 103-та жртва на последиците од корона вирусот.

Во велшка Болница се хоспитализирани 24 пациенти, од кои 22 се потврдени позитивни, еден е сомнителен и еден пациент  е со негативен брис но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум  пациенти. Од лежечките пациенти  на Инфективно  одделение се  23 а еден е на Интерно.

 

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »