Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 февруари 2012
Според информациите на Дирекција за заштита и спасување непроодни патни правци во велешко се :
- Патен правец Општина Чашка – с.Степанци
- Патен правец Општина Градско – с.Чичево – с.Подлес
- Патен правец с.Грнчиште – с.Скачинци
- Патен правец с.Дреново – с.Д.иГ.Јаболчиште
Последици од снежни врнежи од претходните денови и нови проблеми од синоќешните врнежи од снег и истите имаат предизвикано многу прекини и отежнато движење на повеќе патните правци на подрачјето на ДЗС ПО Велес.
Превземени мерки и активности : Според информацијата добиена утрово Ве известуваме дека на подрачјето на Општина Велес имаме повеќе села што се отсечени, а предизвикани од новите снежните врнежи . Отсечени села за кои имаме информација се: Ветерско, Слп, Белештевица, Карабуниште, Џидимирци, Рудник, Лугунци, Р`левци, Бузалково, Д. и Г.Јаболчиште, Крајници, Мокрени, Крнино, Габровник, Ораов дол, Грнчиште, Скачинци .
ДЗС ПО Велес имаше добиено Одлука за мобилизација и ангажирање на една градежна машина од ДГ Изгрев од Велес за чистење на патен правец кон Долно и ГорноЈаболчиште .Според сознанијата и информациите не успеале да исчистат до с.Г.Јаболчиште и според проценката на Директорот на ДГ Изгрев се вратиле бидејќи немало можности за чистење.
Македонија пат – подружница Велес ги чисти и врши посолување на сите патни правци спрема нивната програма по приоритет, улиците низ градот, како и кон виталните објекти во градот ЈЗО Болница, Мед. центар-Велес, гробишта.
информацијата е од Дирекција за заштита и спасување
Tweet |