речник контакт

Десетта групна крштавка на реката Бабуна (фото)

Чинот на крштевање е влезна врата на секој кој сака да го прифати христијанството. На реката Бабуна денес беа 37 верника

Петар Печков

По десетти, овој пат мал јубилеј, на реката Бабуна, се изврши групната крштавка на  Повардарската Епархија на МПЦ-ОА.  Овој пат 37 лице, што деца, дел млади и дел повозрасни ја искористија можноста да го извршат чинот на крштевање. Петмина беа од Скопје,  тројца  од Кичево. 

Чинот на  крштевање е влезна врата на секој кој сака да го прифати христијанството. Тоа треба да го направи со  слободна волја и  да го почитува Исус Христос. Крштевањето е чин  со кој се започнува христијанскиот живот. Денес има доста млади,деца, што е голема радост  за нас, иако не ги исполнуваат условите кои сме ги поставиле да се  над 14 години.  Така тие ја искажуваат својата вера да бидат вистински христијани. Си споменувам дека на првата крштавка бројка на лица кои се крштеваа  беше  сто, но со годните бројот  на некрстени се намалува така што задоволни сме  од бројката на денес присутните – рече протојереј ставрофор Горан Панзов .

Меѓу присутните беше и тазе велешката снаа Албанката од Драч, Ентулеа Велкова.

Мажена сум во Велес година и пол, треба да се венчаваме со сопругот  и затоа ќе се крштевам тука.  За мене е ова убав момент,  досега не сум била сведок на ваква групна крштавка  - рече Ентуела која е  со  католичка вероисповед.   Нејзе друштво и поддршка  и дадоа колешките од  ТИФИ модната конвекција, кои дојдоа за бидат присутни  на овој чин.

Весна Несторовска ги донесе своите деца, син  Леон на 6 годишна возраст и  ќерката  Николина на седум години,  од Скопје на денешната групна  крштавка.  

Кумовите не беа дојдени од Италија, таму престојуваат, годинава се тука. И решивме да на овој чин ги крстиме децата.   И јас сум  групно крстена на матка, во Скопје. Ова е многу емоционален  момент за нас да се добие христијанска  вера е голема чест.   Очекувам дека срцата и душите ќе им бидат помирни – рече мајката Весна.    

Чувството по крштевањето е прекрасно,. Се одлучивме дека долги години не бев крстен и да го примам овој голем христијански  чин   - рече Бобан  Кошинов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »