речник контакт

Десетта сликарска колонија ,,Папрадишки мајстори,,

18 автори работат сликарски дела

Петар Печков

Десеттата јубилејна меѓународна сликарска колонија ,,Папрадишки мајстори,,    се одржува  во куќите на Касапови и Џинот.   Бројни мајстори на  сликарската четка се собраа во Велес,  во овие  куќи на уметноста, од каде црпат инспирација за нивните дела. И оваа година Колонијата „Папрадишки мајстори“  ја реализира здружението  на граѓани „Папрадишки мајстори“.преку  делегирана надлежност.

Оваа година имаме како гости 18 автори Застапени се повеќето сликарски техники, цртеж, слика, скулптура. Би сакал колонијата да биде едукативна за граѓаните, да учествуваат во самиот процес, да гледаат како се создава уметничко дело, да видат дека постојат различни техники на  творење.  Колонијата има и   естетски карактер, сите автори се добрани, современи кои кореспондираат со времето, од класичен руски реализам до концептуално решавање на естетиката  - рече организаторот скулпторот Ангел Коруновски.   На колонијата има автори од Хрватска, Словенија, Русија, Бугарија, Србија и Македонија. 

,,Папрадишки мајстори,, се одржува во куќите на уметноста – Џинот и Касапови и на тој начин придонесува за промоција и афирмација на културното и архитектонско наследство на Велес. Колонијата започна скромно, за денес да се вбројува во една од најпрестижните во земјава,  што се гледа од интересот на уметниците од Македонија и странство за учество. Од Крим Русија дојде  авторката Надја Черневскаја  која работи фрески на дрво. Во Велес започна да црта две масла на платно, под наслов ,,Ангел,,.

Работам две дела Ангел ден и Ангел ноќ, тоа е  моја фантазија. Ме инспирираше овој поглед кон  реката, кон градот,. Многу е интересно овде, со свој менталитет, чувства.  Рече Черневскаја која доаѓа во Велес по учество на колонија во Црна Гора, од каде преку автор кој гостувал тука, ја добила адресата и се пријавила за да работи.  Своето дело масло на платно, го работи и Бугарката Гечева која е  исто така прв пат на колонијата.

Цртам природа, конкретно овие  кровови од блиските куќи. Многу е интересно светлото, старите куќи. Тоа ме восхитува. Има многу преоди, моменти кои се предизвик да се насликаат, да останат на платното – вели Велислава Гечева од Софија Бугарија.

Таа како шесто одделенка учествувала на Мал Битолски Монмартр а сега по  15-тина години да дојде повторно во Македонија, овој пат во Велес на колонијата ,,Папрадишки мајстори,,. Сите дела изработени од авторите остануваат во сопственост на градот, а публиката ќе може да ги види на изложбата за Денот на општината 9-ти Ноември. Годинава по заминувањето на  резбарот Љубомир Бисин, нема автори од овој ликовен правец. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »