Петар Печков
Објавено: недела, 30 јули 2023
Петнаесетгодишно дете од Горно Јаболчиште вчера попладне околу 17 ч. доживеало струен удар во стара напуштена куќа во планината. Поради карактерот на повредите е префрлено на клиники во Скопје. МВР го потврди настанот.
„Добивме повик за струен удар на дете. Малолетникот е згрижен,со изгореници по телото, дадена неопходна здравствена нега и во свесна состојба е пренесен на хирургија од Велешката болница“ - соопшти д-р Васе Пановска, началник на Итната служба од Велес.
„Детето се здобило со изгореници од поголен обем на рацете и нозете, обработени раните на хирургија и препратено на Клиника за Пластична хирургија во Клинички центар Скопје “ - соопшти д-р Весна Неделковска Николова од Општа Болница Велес.
Tweet |