Петар Печков
Објавено: вторник, 20 септември 2011
Според велешката полиција несреќата се случила околу 18 часот во близина на селото, кога детето се качило на трактор, додека неговите роднини работеле на нива, стотина метри подалеку.
Без да биде забележан од блиските, детето го активирало тракторот, а бидејќи бил на удолница, тој тргнал а малиот паднал под возилото, па тој минал преку него со тркалата.
Чичкото веднаш го пренел детето во Општата Болница во Велес, а дежурниот доктор констатирал смрт, поради повреди на главата. Полицијата и обвинител извршиле увид на местото на настанот.
Tweet |