Петар Печков
Објавено: четврток, 02 мај 2024
Дете било каснато од бездомно куче за образот, додека шетало низ Младински парк. Настанот се случил во вторникот вечер.
„На 30 април во 22.00 часот во СВР Велес, М.С.П.(29 год) од Велес пријавила дека во Младинскиот парк во Велес нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник“ – соопшти Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Потврда за карактерот на повредата има од Општа Болница Велес.
„Примено е четиригодишно дете кое имало повреди на главата од каснување на куче. Детето е згрижено, дадена неопходна здравствена помош , по што е пуштено на домашно лекување“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа Болнцаи Велес.
Претходно истата вечер, велешанец пријавил каснување од куче, спроти Пабот.
„На 30 април во 21.10 часот во СВР Велес, Д.К.(56 год) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник“ – додаде Ѓаковска.
Каснување имало и од куче кое имало сопственик а настанот се случил средата доцна попладне. Според сведоците откако две познанички, со домашни миленици, едната се приближила кон пријавителката, кучето пекинезер ја каснало другата жена.
„На 01 април во 19.20 ч. во СВР Велес, Н.М.(51 год) од Велес пријавила дека на езерото Младост во Велес била касната од куче сопственост на И.К. од Велес“ – соопшти Ѓаковска.
Tweet |