речник контакт

Дете на 12 годишна возраст тешко повредено откако удрило со велосипед во ѕид

Поради неговата здравствен состојба итно е префлено на Клиниките во Скопје

Петар Печков

Дванаесет годишно дете се бори за живот, откако вчера попладне удрило со велосипед во ѕид. Поради неговата здравствен состојба итно е префлено на Клиниките во Скопје.  

„На 25-ти мај  околу 18,45 часот во Велес на крстосница од улиците Богдан Каракостев и Ѓорѓи Димитров случена е сообраќајна незгода во која велосипед управуван од дете на возраст од 12 години удира во потпорен ѕид од куќа - информираше Димитар Каракулев, портпарол на СВР Велес.

Прва на терен  дошла екипа на Итната помош.

Примен повик за повредено дете, екипата констатиралa  отворена повреда нa глава, згрижено е и во  без сознание префрлено во Болница - кажа д-р Василка Пановска, началник нa Итната помош. 

Поради сериозноста на повредите детето е пренесено ЈЗУ Општа болница Велес, а потоа во клинички центар -Скопје.

Околу 19ч.  на хирургија е примено дете. Неговата здравствена состојба е сериозна, донесено е во неконтактибилна состојба, интубирано е. Има тешки повреди на глава и итно  префрлано на КАРИЛ во Скопје“ -кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Увид на лице место по овластување на Јавен обвинител извршила екипа на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »