Петар Печков
Објавено: недела, 18 декември 2022
Вчера околу 17ч. во службата за Итна помош било донесено дете, кое не давало знаци на живот Според кажувањето, тоа паднало од височина во домот каде живееле. Настанот се случил во Потокот.
„Беше донесено дете родени 2021 година, кое не давало знаци на живот. Имало обид за реанимација и е пренесено во Велешка Болница“ - кажа д-р Васе Пановска началник на службата за итната помош.
Од Општа Болница Велес го потврдија настанот.
„Детето кога било примено на хирургија било без знаци на живот“ - изјавив д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
„На 17.12.2022 околу 18 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес. Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес. .
Tweet |