Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2026
Полицијата при редовна контрола, вчера, среда на пладне, констатирала дека дете на 14 години управува автомобил и тоа „БМВ“. Деталите во информацијата од велешката полиција.
„На 8 јули во 11:45 часот во село Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 14-годишник од село Морани, скопско, затоа што при сообраќајна контрола во с.Бузалково било сопрено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетникот“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
По насоки од јавен обвинител со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
| Tweet |




