Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 февруари 2023
Дванаесет годишно дете било пронајдено премрзнато, повредено близу Ловното, од задна страна на Ликовниот салон. Екипа на Итната помош му дала прва здравствена нега, констатирала отворена повреда на брада и го префрлила на хирургија, во велешка болница. Настанот се случил во саботата на пладне.
„На 11 февруари околу 13 часот во СВР Велес е пријавено дека во Општата болница Велес бил донесен со тешки телесни повреди малолетник од Велес, кој бил пронајден на ул.„Алексо Демниевски Бауман“ во Велес“- соопштија од МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Во болницата е донесено повредено дете, снимките покажале дека има свршеница на долна вилица. Поради спецификата на повредата е пренесено на Детска клиника во Скопје“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.
Tweet |