речник контакт

Дете се здоби со струен удар, откако се искачи на вагон на Железничка

Четиринаесетгодишникот има висок степен на изгореници и е пренесен на Ургентен во Скопје

Петар Печков

Б.К ( 14 год) од Велес се здобил со тешки повреди, откако околу пладне се искачил на товарен вагон на Железничка станица во Велес.  Тој доживеал струен удар, откако ги  допрел жиците за електро напојување, од 25 илјади волти, преку која мрежа се движат возовите.  

Трите  другарчиња кои живееле во друг дел на градот, околу 12,15ч.   биле на железничка станица, со цел на  направат самослик, по што Б.К. се искачил на еден од товарните вагони, кој бил паркиран на товарниот дел од станицата.  Кога се искачил  допрел до жиците и се здобил со струен удар.  

Неговите другарчиња побарале  помош, први  притрчале обезбедувањето од блиската фабрика ,,Ветекс,, кои употребиле и пена за гаснење. Потоа  на помош дошле и пожарникарите, по што момчето со возило на Брза помош е  згрижено и пренесено во велешката Болница. 

Во СВР Велес  пријавено е дека на железничката станица - Велес, дете е повредено од струен удар. Првичните информации се дека детето е повредено откако се качило врз вагон паркиран на железничката станица. На детето укажана му е лекарска помош во Медицински центар Велес - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Поради тежината на повредите, степенот на изгорениците детето е веднаш пренесено во Ургентен центар Скопје. Увидна екипа од СВР Велес изврши увид на лице место за да се утврдат причините како дошло до несреќата. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »