Петар Печков
Објавено: сабота, 23 април 2016
На четвртиот „Национален Абакус натпревар“ кој се одржа во Скопје, децата од „Детска академија Браинобраин Велес“- постигнаа одлични резултати и освоија пет пехари, осум златни и шест сребрени медали и пехар за франшизниот центар и пехар за тренерот.
На натпреварот учествувале 600 талентирани деца од девет македонски градови кои се натпреварувале во 38 категории. Од велешкиот центар учествувале 20 дечиња.
Децата се на возраст од 4 до 14 години се натпреварувале во три минутно решавање на „Бреинобреин“ тестовите, со што се мери нивната точност, брзина, фокусираност, концентрација, визуелизација и фотографска меморија.
Tweet |